Наташа Андонова, која од 2017 година игра за ФК Барселона, со поддршка и совети за најмладите како да се биде успешен во фудбалот. ЖФК ЏИ-ЏИ од Скопје беше домаќин на нашата најдобра фудбалерка. Таа им порача на девојките никогаш да не се откажуваат од својот сон и љубовта кон фудбалот.
Погледнете го прилогот што го направи МТВ со Наташа Андонова и тренерот Снежана Трпевска.